Нѐ убедија дека е луксуз еднаш месечно да излезеш со семејството на ручек. Нѐ убедија дека е нормално да трпиш, да немаш, да позајмуваш, хронично да посакуваш сѐ и сешто. Нѐ убедија дека е луксуз да одиш со семејството на летување и тоа на рати. Нѐ убедија дека ако имаш повеќе од два пара чевли ти се расфрлаш.

Станавме нација која се дебелее од леб, затоа што немаме пари за месо. Станавме земја на исфрустрирани родители, затоа што не можеме да им купиме многу работи на нашите деца. Станавме земја на скарани сопружници, затоа што постојано сме под стрес, постојано нервозни, хронично несреќни. Станавме губитници, а не знаеме зошто. Чесно завршивме факултет, чесно ги работиме своите работи, но оваа држава не е задоволна и нѐ убедува дека така мора. Дека таа треба. Дека тоа е совршено нормално. Наместо да велиме „Сакаме подобро!“, ние шепотиме дека може и полошо. Нема тежнеење кон посреќен живот, само страв од поголема несреќа.

Нашите работници немаат пари да се лечат, да поправат заби, да си ги поправат чевлите. Штедат на огрев, закрпуваат една дупка додека другата се отвора, имаат неплатени сметки за струја, за вода, им доаѓаат извршители, стравуваат дека ќе останат и без тоа малку што го имаат. А потоа се разболуваат, па и болни работат, затоа што луксуз е да отидат на болување. Нѐ убедија дека тоа е нормално и дека така треба.

Децата ни растат со уверувањето дека е нормално вака да се живее, затоа што не знаат поинаку. И само може да се надеваме дека нив ќе им биде подобро... некогаш.