Знаеме што претставува хороскопот, но не знаеме точно зошто читаме хороскоп. Доколку ги прашаме научниците, тие секогаш инсистираат на егзактни податоци, со што според нив хороскопот не е баш прецизен.

Сепак, иако не вреди да се генерализираат луѓето, сепак факт е дека постојат две групи на луѓе – оние кои веруваат и не веруваат во хороскоп. Тие две групи често доаѓаат во конфликт, но ниту едната ниту другата не ги менува своите ставови.

Астролозите често го истакнуваат фактот дека астрологијата како наука постои дури и пред да настане психологијата и посочуваат дека ѕвездите навистина можат да откријат многу за нас.

Сепак, што е пресудно за луѓето да веруваат или не во хороскопот? И, зошто оние кои веруваат се врзуваат за хороскопот?

Во потрага по смисла

Човекот отсекогаш бил во потрага по некоја подлабока смисла за своето живеење. Всушност, тука е најголемата причина зошто луѓето веруваат во астрологијата. Понекогаш сме лековерни и наивни, но понекогаш некои работи се случуваат случајно или не, кои не тераат да веруваме во нешто подлабоко.

Општествен феномен

Астрологијата е доминантен општествен феномен и тема на разговор во многу друштва и дискусии. Дури и при самото запознавање со некоја личност, се случува да бидете прашани што сте во хороскоп, а подлабоките дискусии се насочени за општите и специфичните карактеристики на секој од хороскопските знаци/

Субјективно потврдување

Ова е поврзано со наоѓањето на подлабока смисла на животот, нештата и ситуациите во кои се наоѓаме. Често, сакаме нешто да се случи и затоа ја насочуваме нашата енергија кон хороскопот кој веруваме дека може да ни помогне во тоа.

Селективно размислување

Тоа значи дека го прифаќаме само она што ни одговара, додека пак го игнорираме другото. Можеби, еден од доминантните причини зошто при обидот да разбереме нечиј хороскопски знак тргнуваме од тоа што е блиско за таа личност.