Зошто често имате главоболка?

Информациите од една анкета покажува дека околу 84% од испитаниците се согласуваат дека добрата перница е пресудна за добар сон. Дури 40% од испитаниците ги заменуваат перниците еднаш на секои 3 години, а околу 22% ги заменуваат на секои 4 години и поретко.

Дали некогаш сте размислувале за перницата која ја користите?

Дали сериозно го сфаќате предметот на кој спиете и ја одмарате главата? Она што го допира вашето лице секоја ноќ... Доколку ретко ја менувате перницата тогаш направете си услуга и купете си нова. Ќе бидете изненадени од позитивниот ефект кој ќе го има врз вашето тело и благосостојба. Верувајте ни дека вашето тело ќе ви биде благодарно.

Квалитетна перница е најдобрата инвестиција за подобар сон.

Иако перницата е навистина важна за добриот сон и расположението во текот на денот, поголем дел од луѓето спијат на стари перници. И тие многу влијаат врз квалитетот на нивниот сон. Тие можат да бидат причина за:

  • Главоболките и болките во грбот;
  • Алергии;
  • Проблеми со дишењето.

Соодветната перница треба да и даде соодветна поддршка на вашата глава и вратот. Старата перница треба целосно да го задоволи овој проблем и затоа не е изненадување доколку се будите уморни или неодморени кога спиете на таква перница. Да не ги споменуваме бактериите и прашинските грини кои живеат таму долги години... 

Заменувајте ја перницата секоја година

Премногу прашински грини кои живеат во перниците кои се направени од:

  • Пердуви;
  • Полиестер;
  • Вештачки пердуви.

Таквите перници треба да се менуваат секоја година.

Проверете ја перницата

Откако ќе помине „трајноста“ на перницата таа ќе ја изгуби еластичноста и нема да може да ги задоволи вашите потреби и да им даде соодветна поддршка на вратот и рамената. Ако сакате да проверите дали уште можете да ја користите вашата перница тестирајте ја: свиткајте ја перницата на половина и ставете чевел или друг сличен предмет во свитканата перница. Ако перницата се врати во првобитната положба  значи дека можете да ја користите. Ако перницата не се врати во првобитната положба значи дека треба да ја замените со нова. 

Перницата е вашиот најдобар пријател

Перницата е една од најважните лични работи. Ние спиеме на неа и ја допираме секоја вечер. Таа влијае на воздухот кој го дишеме. Затоа е многу важно да спиете на квалитетна перница. Перница која нема да ви создава болки додека спиете на неа, а ќе се разбудите наспани и одморени.