„Зошто баш мене, застанав само на 5 минути“ - скопјани паркираат каде ќе стигнат, па молат да избегнат казна од пајакот

„Паркирав само на 5 минути да купам нешто, како баш мене ме фативте“, ова е стандардната реченица која повеќето од сопствениците на возила  ја кажуваат како спас  од моментот кога ќе забележат дека пајак службата  се спрема да го крене нивното возило кое е непрописно паркирано.

Скопјани често пати знаат и љубезно да молат, но доколку воочат дека не им успева таквото однесување убавите зборови ги претвораат во пцости, клетви  и закани.

“Се случи да кренеме возило паркирано во трева, а во него да ти имало човек, не видовме дека во него има некој. Дури кога веќе возилото го кренавме, тогаш заспаниот се освести и „пајакот го ослободи“.Често се случува кога сопственикот на возилото ќе го затекне „пајакот“ во акција да влезе во него, да ги заклучи вратите и да одбие да излезе, мислејќи дека така ќе го спаси возилото, раскажува вработен во пајак-службата.

Пајак службата и сообраќајната полиција во акција за расчистување на градот Скопје од непрописно паркирани возила.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и шест возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и шест нерегистрирани возила.

Санкционирани биле тројца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло и тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 162 возила.