Зоран Заев: Македонија ги менува името на автопатот и аеродромот

Крајното решение мора да биде прифатливо за двете страни. Решението мора да биде во насока на заштита на заштита на националното достоинство и идентитетот на нашите народи. Со цел конкретно да покажеме дека сме посветени во процесот на изнаоѓање решениет, најавувам дека Владата ќе го промени името на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се вика Пријателство – рече премиерот Зоран Заев по завршувањето на средбата во Давос со грчиот премиер Алексис Ципрас.

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, најави дека ќе се отвори граничкиот премин „Маркова нога“ кај Преспа.

-Знам дека денеска многу луѓе не гледаат, некои со скептицизам и со загриженост, други со исркена надеж и би сакал да покажам дека ние двајцата сакаме да ги решиме нештата со прагматизам и одговорност. Го велам ова бидејќи не само што сакаме да го решиме спорот со името, исто би сакале билатералните односи да ги поставиме на цврста основа, на меѓусебно почитување што значи мораме да се избориме со иредентизмот, што значи не смееме да оставиме ниедна дупка – рече Ципрас.

Заев и Ципрас изразија задоволство за искрената дискусија која ја имале бидејќи тоа е прва средба на премиерско ниво во последните седум години.

Ципрас нагласи дека мора да се најдат решенија за сите нерешени прашања, за нашето членството во НАТО и еуинтегративните процеси да напредуваат.

-Но морам да нагласам дека мора да најдеме заеднички прифатливо решение „ерга омнес“ и во оваа рамка ние се согласивме да го интензивираме  процесот за изнаоѓање решение за спорот со името – рече Ципрас.