Како ќе препознаете кога му е неопходна детоксикација на вашиот организам? Ако имате три од седум знаци меѓу кои се несоницата, главоболката, летаргијата, проблеми со кожата, би требало да ги исфрлите штетните материи.

Телото редовно се чисти преку потта или урината, но ако премногу се труеме, токсините ќе се трупаат во организмот. Тоа можеме да го препознаеме ако забележиме на телото три од овие седум сигнали кои значат дека на нашето тело му треба детоксикација.

Несоница

Собирањето на токсини, особено на естроген се вообичаена причина за несоница. Ако имате проблем со спиењето тоа значи дека треба да го прочистите црниот дроб, затоа што несоницата е често поврзана со проблеми со црн дроб. Напитоци од брокула, карфиол и сличен зеленчук ќе ви помогне во чистењето на црниот дроб.

Летаргија

Ако се будите уморни и троми, би требало да размислите за детоксикација. Ако се обидувате да ја надополните енергијата со стимуланси како што се кофеинот и тауринот, само ќе го влошите проблемот. Затоа што после краткотрајното чувство на поголема будност, доаѓа до нагло паѓање на енергијата, а потоа ќе се чувствувате уште позаморно.

Главоболки

Хроничните главоболки кои постојано се враќаат можат да се предупредување за преколема количина на токсини во телото. Задржувањето на токсините е една од најголемите причини за тензиски главоболки и мигрени. Треба да се знае дека во текот на процесот на детоксикација главоболките можат да се влошат, но ќе исчезнат или барем значително ќе се намалат после детоксикацијата.

Жолт или бел јазик

Јазикот е важен показател во откривањето на количината на токсини во телото. Храната која содржи штетни материи може да ја поремети деликатната слуз на системот за варење, што го вклучува и јазикот. Ако на површината од јазикот е видлоив бел или жолт слој, речиси е сигурно дека системот за варење се бори против токсини.

Проблеми со кожата

Кожата е орган кој помага токсините да се исфрлат од организмот. Дека телото се обидува да се исчисти од токсини можеме да препознаеме по невообичаените состојби на кожата, како исфрленост и акни.

Мрсно ткиво на стомакот

Токсините кои ги внесуваме преку храната и пијалокот, но и токсините кои ги вдишуваме можат да бидат причина за таложење на мрсно ткиво на стомакот. Тоа се случува затоа што многу токсини кои се задржуваат во телото доспеваат во абдоменот и остануваат таму. Можат да се отстранат единствено со детоксикација.

Чувство на жештина

Еден од природните начини на кои телото ги исфрла токсините е потењето. Кога во телото има премногу токсини, тоа ќе се прегрее обидувајќи се да ги исфрли преку потта заради што ќе ви биде константно жешко дури и тогаш кога надвор е ладно.