Знаеш дека сѐ полека си доаѓа на свое место, кога...

Знаеш дека сѐ полека си доаѓа на свое место кога еден ден почнуваш да го гледаш животот со нови очи, кога сфаќаш дека повеќе не се плашиш од бурите низ кои поминуваш, затоа што знаеш дека тие имаат некаква цел во твојот живот, цел која можеби сѐ уште не ти е јасна. 

Знаеш дека сѐ полека си доаѓа на свое место кога престануваш да се занимаваш со неважни работи и луѓе, сфаќајќи дека воопшто не треба да те допира тоа што мислат, прават и зборуват другите луѓе. Тоа си е нивна работа. 

Знаеш дека сѐ полека си доаѓа на свое место кога повеќе не мораш да ги криеш твоите солзи, затоа што сето тоа е дел од еден важен процес на запознавање на себеси и светот и не ни може да биде поинаку. 

Знаеш дека сѐ полека си доаѓа на свое место кога повеќе не се жалиш дека немаш време, туку сфаќаш дека наоѓаш време за работите кои ти значат, а престануваш да го трошиш на оние кои не ти значат и кога никој повеќе не може да те натера да правиш нешто што не сакаш. 

Знаеш дека сѐ полека си доаѓа на свое место, кога и натаму чувствуваш сомнежи и стравови, но повеќе не се губиш во нив, затоа што сфаќаш дека тие се сосема природен дел од животот на кој не треба да му се придава многу внимание и енергија. 

Знаеш дека сѐ полека си доаѓа на свое место кога престануваш да се трудиш да ги обликуваш луѓето според своја мерка и онака како што ти мислиш дека треба да бидат и ги оставаш да се развиваат како најдобро знаат и умеат.

Знаеш дека сѐ полека си доаѓа на свое место кога повеќе немаш потреба да им се докажуваш на луѓето, затоа што кога навистина би се грижеле, би се потрудиле да те разберат и почнуваш да живееш живот кој не е копија, туку твоја сопствена оригинална приказна. 

Знаеш дека сѐ полека си доаѓа на свое место кога почнуваш да ги напушташ битките од младоста, затоа што сфаќаш дека мирот е многу повреден отколку тоа да бидеш прогласен за победник.