Знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога еден ден ќе почнеш да го набљудуваш животот со нови очи, кога ќе престанеш да се плашиш од бурата низ која поминуваш, затоа што знаеш дека сѐ има смисла која можеби во моментот не ти е јасна.

Знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога ќе престанеш да се занимаваш со неважни работи и луѓе, сфаќајќи дека воопшто не треба да те допира тоа што мислат другите луѓе за тебе. Тоа си е нивна работа.

Знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на своето место кога повеќе не мораш да ги криеш солзите, затоа што тоа е еден процес на запознавање на светот и себеси и поинаку не ни може да биде. Знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога повеќе не се жалиш дека немаш време, туку сфаќаш дека времето го создаваш за работите кои ти значат и дека никој не може да те примора да правиш нешто што не сакаш.

Знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога и понатаму чувствуваш стравови и сомнежи, но повеќе не се губиш во нив, затоа што сфаќаш дека се сосема природен дел од животот и не треба да им се придава преголемо значење. Знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога повеќе не се трудиш луѓето да ги направиш онакви какви што мислиш дека треба да бидат и да ги пуштиш да се развиваат како што тие најдобро знаат и умеат.

Знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога повеќе немаш потреба да се докажуваш, затоа што доколку сакаат, луѓето можат да се потрудат да те разберат. Знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога ќе почнеш да излегуваш од битките во кои во младоста влегуваше затоа што сфаќаш дека мирот е многу повреден отколку некој да ти каже дека си победник.