Знаеш дека си од Скопје кога…

Постојат многу интересни факти кои ги одликуваат старите Скопјани. Нас ни текна на овие 20 факти, а вие ако имате некој предлог за да се прошири листата пишете го во коментар.

Знаеш дека си од Скопје кога:

1. Досие Скопје ти е омилена емисија.
2. Знаеш каде се наоѓала твојата куќа пред земјотресот (и ужасно си горд на тоа).
3. Одиш на боза и еклери во Апче.
4. За време на викенд одиш на прошетка на Водно.
5. Се пронаоѓаш во колумна на Трендо.
6. Те радува секоја песна во која се спомнува Скопје, а најдрага ти е песната Скопје од Леб и Сол.
7. Знаеш дека во петок навечер ќе потрошиш повеќе време барајќи паркинг отколку што ќе се журкаш
8. Ги знаеш сите градски “фаци“ кои оставиле свој печат на Скопје
9. Одиш на скара кај Жабарот.
10. Си ја поминал барем еднаш во животот Партизанска цела, пешки!
11. Одбиваш да се сликаш пред “Воинот на коњ“ и Триумфална
12. За време на летниот период фонтаната кај бившо „Стоилко“ ти личела на нудистичка плажа.
13. Навиваш за Вардар.
14. Велиш „ај у град на кафе“
15. Славиш 13 ноември!!
16. Уште велиш да се се чекате кај Рекорд, Нама, Ванила, Кенан
17. Ако си излегувал во Бони, Ани, Аполон, Алпино, Корнер, Булевар, Малибу, Уна, Мусандра…
18. Ако како мал те носеле во циркус Медрано на ливадата во Карпош
19. Синоним за благо ти е – Апче, за брза храна – 7ца, за пиво – Скопско
20. Ги знаеш сите скопски фрази