Постојано има дебати околу тоа дали денес е поубаво или порано, кога немавме толку технолошко напредни направи, но затоа се имавме едни со други.

“… Материјалното богатство е проследено со духовна празнина. Градиме се повеќе згради, а прагот на толеранција ни е се понизок. Градовите се прошируваат, а светопогледите се стеснуваат. Купуваме се повеќе работи, а уживаме многу помалку.

Се зголемува површината на становите во кои живеат се повеќе самци. Семејствата се побогати, но паровите се почесто се разведуваат. Расте бројот на убави куќи и разорени домови. Технолошкиот напредок ни заштедува време, а време имаме се помалку. Научивме да брзаме и заборавивме да чекаме стрпливо.

Расте бројот на експерти и бројот на нерешени проблеми. Пообразовани сме, но не сме помудри.

Знаеме повеќе, а послабо расудуваме. Расте бројот на хумористички серии и депресивни луѓе. Постојано се лутиме, постојано сме уморни. Мозгањето над книгата го заменивме со вегетирање пред екранот. Живиме подолго, но и попразно.

Опкружени сме со брза и споро варење. Една третина од човештвото умира од глад, а третина умира од болести поврзани со дебелината. Имаме повеќе стотици пријатели на Фејсбук и ниту еден прав другар.  Расте бројот на високи луѓе и ситни души. Често се расправаме, ретко љубиме, а со леснотија мразиме. Добриот вкус е заменет со шунд.

Масовна култура создава масовна хистерија и масовни убијци. Посетуваме далечни планети и астероиди, а не ги познаваме најблиските соседи. Центар на нашите животи станаа трговските центри.

Гордо јадеме „здрава храна“, а дозволуваме медиумите да ни го трујат духов. Има многу повеќе информации, а се помалку вистинска комуникација. Ја знаеме цената на се, а не ја знаеме вредноста на ништо. Не учат да заработиме за живот, но не и како да живееме

Порано ги користевме предметите, а ги сакавме луѓето, а денес е обратно…“