Знаеме ли што има во лебот кој го јадеме – дали интегралниот леб е навистина интегрален

Дека интегралниот црн леб честопати нема врска со она што пишува на неговата амбалажа, не е ништо ново, но потрошувачите и натаму не се севесни дека бојосаниот бел леб може да биде опасен по здравјето на човекот.

На пазарот постојано се нудат нови видови леб.

Но, дали кога ќе купиме црн, интегрален или ’ржан леб тој е навистина таков, направен од соодветно брашно, или пак е леб со боја? Дали сите производители ги почитуваат правилата и точно го пишуваат составот на амбалажата? Се поставува прашањето, дали и ние ги читаме декларациите, или се оставаме сосема да им веруваме на продавачите.

Шпекулациите велат дека има производители што додаваат органски бои за лебот да е попримамлив за потрошувачите. 

Ова се неколку начини како да утврдте дали лебот што го купувате ја има вистинската содржина:

1.Особини на вистински црн леб:

-тврд, збиен и има блага влажност

-има благ мирис на трици

-средината има погруби пори

-никако неможе да биде еласичен и мек

2. Леб од трици

-треба да има најмалку 7% трици во него

-се прпепорачува на луѓе кои имаат проблем со варење на храна

-полн е со диетски влакна и ја поттикнува работата на цревата

-добар е за трудници, бидејќи содржи третина од потребите за фолна киселина

3.Бел леб

-овој леб има најмала прехранбена вредност и често содржи скриени количини шеќер и сол 

-откако ќе изедеме едно прче бел леб, шеќерот во крвта нагло расте па паѓа и чувството на ситос трае кратко

4.Интегрален леб

-интегралниот леб е бел леб кој е помешан со брашно од други житарици

-има малку повеќе влакна, витамин и минерали од белиот леб

-не е здрав како црниот леб

5.Ржан леб

-има повеќе од 20% пченично брашно и тоа мора да стои на декларацијата

-мешаниот ржан леб треба да има 30% ржано брашно

-содржи многу витамини, минерали и богат е со влакна, лесно се вари

-создава долготрајно чувство на ситост

-добар е за диета

6.Леб со овесни снегулки

-содржи најмалку 15% овесни снегулки

7.Млечен леб

-најмалку 50% од водата да биде заменета со млеко

8.Леб со суво грозје

-најмалку 10% суво грозје

9.Леб со пордолжена свежина

-треба да трае најмалку пет дена

10. Леб со пченични никулци

-да содржи најмалку 10% пченични никулци