Знаци за емоционално насилство кои не треба да ги игнорирате

Емоционалното насилство во голема мера влијае на самодовербата, но и здравјето на една личност. Голем дел од луѓето го игнорираат ваквиот вид на насилство бидејќи нема видливи ефекти и е посуптилно од физичкото насилство.

Ова се неколку знаци на емоционално насилство кои не треба да ги игнорирате:

Тие ве посрамуваат или навредуваат насамо или пред други луѓе.

Ги игнорираат вашите потреби и желби, наметнувајќи ги своите верувања, погледи и ставови.

Постојано прават иронични коментари за да ве направат да се чувствувате лошо за тоа што го мислите или кажувате.

Се обидуваат да се оправдаат себеси со тоа што ви велат дека сте премногу чувствителни.

Се однесуваат кон вас како да сте дете.

Се однесуваат како да треба да ве казнат за нештата кои не сте ги направиле според тоа што тие го замислиле.

Се чувствувате како постојано да треба да барате дозвола за сите нешта кои ги правите.

Се обидуваат да ги уништат вашите соништа, велејќи ви дека никогаш нема да успеете да ги реализирате.

Постојано ве провоцираат до момент кога ќе збеснете или ќе почнете да плачете.

Тие се емоционално недостапни.

Нивното однесување е апатично кон вашата болка, без никакво сочувство.

Се однесуваат како да се жртва и како постојано да ги навредувате или повредувате.

Се обидуваат да ве уверат дека нивните проблеми постојат само заради вас.

Постојано велат дека вашиот карактер е чуден и дека мора да се смените.

Доколку ги забележувате овие знаци, запрашајте се како се чувствувате и дали можете да направите нешто околу тоа. Бидете искрени со себе, а директни со нив. Не морате да останете во врска или пријателство со личност која ве злоставува емоционално. Ставете крај пред да биде предоцна, пред сето ова да почне да развива сериозни негативни последици на вашата личност, самодоверба и добросостојба.