Знаци кои покажуваат дека парнерот ќе ве остави во брзо време

Вашето момче си игра топло-ладно со вас? Се однесува чудно? Се плашите дека ќе ве остави? Овие 9 работи ќе ви покажат дали навистина тоа му е намерата.

Кога се запознавте со вашето момче и почнавте да се забавувате никогаш не помислувавте дека вашата совршена врска може да заврши. Но сега работите се поинакви. Сè почесто забележувате некои работи кои ги зачестуваат негативните мисли во вашата глава. Дали има некаков проблем? Дали има друга девојка? Ако овие мисли ве побудалуваат, тогаш најдобро е да разговарате со него, но ако и по разговорот не забележувате никакви промени, размислете дали воопшто сакате да бидете со некој кој ве третира на таков начин.   

Често наоѓа изговори за да не поминува време со вас

Ова не е сигурен знак дека ќе ве остави. Можеби само не се чувствува добро и сака да поминува време сам со себе. Но ако ова го прави во комбинација со други работи, тогаш можеби треба да се запрашате дали се ближи крајот на вашата врска. Оставете го да излегува почесто со неговите пријатели, но ако тоа „почесто” прерасне во „цело време” тогаш подобро ќе биде да го опоменете или пак да размислите дали вие треба да ставите крај.

Немате секс

И овој знак сам по себе не значи дека станува збор за раскинување. Можеби само периодов чувствува некаков стрес. Најдобро е да го прашате дали има некаков проблем, но не треба да го форсирате да зборува. Почекајте некое време и видете дали ќе ви се отвори. Имајте на ум дека мажите малку потешко се отвораат и зборуваат за своите чувства. Сепак, запомнете дека врска без секс не може долго да трае.

Повеќе не се однесува со вас нежно и мило

Можеби сè уште имате секс, но нема повеќе нежности и милувања. Порано немал никаков проблем да ве бакне во јавност или да ви каже колку ве сака, а сега едвај ве гушка кога сте сами дома. Ова е поголем знак од тоа да немате секс, бидејќи понекогаш мажите сексот го разбираат само како задоволување на потреба. Ако забележувате дека го губи интересот да ви се доближи во јавност или на само, тогаш ова може да биде знак дека повеќе не сака да биде во врска со вас.

Се трга на страна кога зборува на телефон 

Иако ова може да значи дека има приватен разговор поврзан со работата, или за интимата на неговиот пријател, исто така може да значи дека зборува со друга девојка или договара средба со пријателите за која вие не треба да знаете.  

Премногу е зафатен кога станува збор за вас

Изговори, изговори, изговори, родендени, состаноци, болно милениче... Овие работи навистина може да се случат, но ако се случуваат често, тогаш можеби треба да се запрашате дали неговите изговори се вистинити.

Повеќе не ви се јавува

Порано ви се јавуваше често, било тоа да е за провери каде сте и што правите или само да ви посака добра ноќ, а сега не знае да ја крене слушалката ни да ве праша како сте кога сте болни. Ако се најдете во позиција во која само вие му се јавувате, треба да знаете дека нешто не е во ред.

Посветен е само на работата

Ако се работи за голема зделка, тогаш не треба да се грижите, но ако целото време го поминува в канцеларија, можеби треба да се ставите во улога на детектив и да ја истражите ситуацијата. Можеби ќе откриете дека во канцеларијата не е сам или воопшто не е во неа

Вашите разговори се без содржина

На почетокот сте знаеле да ги поминувате вечерите во долги разговори, зборувајќи на секакви теми, а сега едвај ве прашува како ви поминал денот. За да може врската да опстане потребно е да го чувствувате вашиот партнер како пријател на кој можете да му кажете сè и никогаш да не ви биде здодевно со него. Ако забележувате дека го губите односот, најдобро е да го оставите, пред тој да ве остави вас.

Не ве кани на дружба со пријателите

Ова може да значи дека не ве смета за доволно интересни за да се дружите со неговите пријатели или едноставно сака додека е со нив да запознава нови „пријателки”.  Никогаш не прифаќајте го ова негово однесување. Знајте дека сте доволно вредни и дека некој друг би уживал во ваше друштво додека сте излезени со неговите пријатели.