Знаци дека не ви е потребна врска и дека уживате во тоа што сте сами

Има девојки кои обожаваат да бидат во врски и не знаат како да бидат сами и најчесто постојано се во врска. Но, има девојки кои подобро се справуваат со животот кога се сами и подобро им оди со самотијата отколку во врска.

Дали вие се чувствувате така? Дали ја сакате самотијата повеќе отколу врските? Дали ви годи да бидете сами?

Прочитајте ги овие знаци и ако се пронаоѓате во нив, вие сте од оние луѓе кои уживаат во самотијата и кои сосема се океј со фактот дека не се во врска.

Флерт

Секогаш имате еден број во телефон кој ви е потребен да се чувствувате живо. Се работи за безопасен флерт и симпатија. Не мора конкретно ништо да правите со него, но ви годи неговиот труд, флертувањето и пепертуките, а не сте обврзани да правите нешто и да бидете во врска.

Распоред

Вашиот распоред е пополнет со тренинзи, хобија, семејни собири и дружење со пријателките и тоа моментално ве исполнува, ви го одзема целото време и тоа ви е најсовршено чувство на свет.

Кариера

Откако сте сами, не ви е проблем подолго да останете на работа и имате вишок енергија која ја трошите на нови идеи. Дури и размислувате и за започнување сопствен бизнис, нешто што отсекогаш сте го сакале, но не сте имале време или храброст.

Изглед

Вашите колеги и пријатели почнуваат да забележуваат дека изгледате подобро од кога било, дури и подобро отколку кога бевте во врска. Тоа е најдобар доказ дека моментално ви е супер.