Знаат ли градоначалниците да направат проекти за нови градинки?

Долгите се листи за чекање за сместување на децата во постојните скопски градинки. Нема доволно установи. А зошто нема, зошто не се градат?

Е, на ова прашање одговор даде ресорната министерка Мила Царовска која укажа дека има неподготвена документација за нивна изградба од страна на градоначалниците, а како што нагласи пари во буџетот имало за таа намена. Ваквата констатација која ја кажа министерката треба многу да ги замисли скопските градоначалници. Оти излегува дека родителите со мали деца мака мачат со нивно згрижување додека се на работа најмногу заради тоа што некој во општината не знае да подготви документација за изградба на градинка. Односно, да донесе ДУП, да вцрта во него маркичка за градинка, да одбере проект… И врз основа на тоа да се побараат парите за финансирање на проектот – градинка.

Знаат ли градоначалниците и нивните служби да направат проекти за нови градинки или само за пишување соопшенија дека исцртале три пешачки премини, имаат знаење?

СкопскоЕхо