Златните луѓе...

Има луѓе кои го предизвикуваат и поттикнуваат она што е најдобро во нас и во другите луѓе, но... тие луѓе не можат да се откријат на прв поглед.

Тие не сакаат да носат ни злато, ни сребро (а по нивниот сјај можеби сте ги препознале), едноставно, по ништо не се разликуваат од другите луѓе.

А сепак, тие го прават нашиот живот поубав, посветол, поисполнет, поплеменит, како да имаме некоја повисока цел. Понекогаш можеме да ги препознаеме по насмевката на оние околу нив, луѓе или деца, по ведрите лица со кои се опркужени, по среќните приказни или песните или по музиката на која ги учат своите деца. Во нивната близина нема ни омраза, ниту лутина или грди зборови.

Опкружени се со добрина, а таквите луѓе ги има во секој град.
Тие нe’ учат како да живеемe, како да се радуваме, како да сакаме.
Луѓето ги нарекуваат Златни луѓе.
Секој од нас сретнува по некој златен човек, а за тоа дури и не мора да биде свесен.
Но, трагите од тоа среќавање секогаш остануваат.
Ќе ги препознаете во очите кои сјаат и во насмевката која останува на лицето, во убавото, смирено и исполнето чувство на среќа во градите.

Побарајте ги Златните луѓе, тука се... околу нас...