Златниот часовник одбројува: Најчитаниот автор за 2016, Вера Калин во Станица 26

Во Станица 26 во недела, 12.03.2017, во 21.30 часот Вера Калин ќе се дружи со читателите на добро познатиот „Twelve moons of jazz“ настан.

Младата авторка за „Ден на читателот“ во Националната и универзитетска библиотека „св. Климент Охридски“ ја доби наградата „Најчитан автор за 2016 година“ за нејзиното дело „Бездомникот со златен часовник“.

Таа ги има издадено „Бездомникот со златен часовник“ и „Ловци на светулки“. Младата авторка ги поттикнува читателите со уникатните чувства и зборови кои ги пренесува во своите дела.