Курир од извори од спортската програма на МРТ дознава дека Златко Калински се враќа на коментаторското столче.
Денес директорот на МРТ Марјан Цветковски имал средба со Калински и му понудил неколку опции за крај на неговата долга и успешна кариера.
Опциите биле коментирање на финалето од Лигата на шампионите во Кардиф, Супер купот на Европа во Скопје и Светското првенство во атлетика кое летово ќе се одржи во Лондон. Калински без размислување го одбрал Светското првенство во атлетика и очекуваната легендарна трка на 100 метри каде Јусеин Болт ќе се прости од атлетските патеки.
Како што беше контатирано на средбата две легенди заминуваат во пензија.