Зимска инфузија од лимон и ѓумбир

Есента и зимата носат пад на имунитетот, настински и студено време. Затоа, треба особено да внимаваме на нашето здравје.

Еден од најдобрите зимски пијалоци е комбинацијата од ѓумбир и лимон, кои го лечат болното грло, го штитат имунитетот и едноставно прават да се чувствуваме подобро.

Потребни состојки:

1 лимон

1 кесичка црн чај (или друг чај по избор)

1 свеж ѓумбир или 3 лажици ѓумбир во прав

Ставете ја кесичката чај и ѓумбирот во голем чајник или сад за чај и загрејте ја убаво водата, до степенот пред нејзино вриење. Тргнете го чајот од оган и оставете го да се олади неколку минути. Потоа, додадете го исцедениот лимон. Во чајот можете да додадете и мед или друг природен засладувач.

Уживајте во убавиот зимски вкус.