Снегот кој во текот на целиот ден паѓаше низ територијата на земјава, продолжи и во текот на ноќта.Жителите на Скопје ја искористија можноста повторно да излезат на снегот и да уживаат во убавините што тој ги носи со себе. Низ скопските населби, како и на плоштадот беше раздвижено како среде бел ден. Снегот се задржува на улиците, но тие се проодни. Исто така, обелеа и тротоарите, но се оди и по нив со оглед дека паднатиот снег сè уште не е замрзнат.