Зијадин Села имал сообраќајка во Скопје?

Градоначалникот на Струга и претседател на Движењето за реформи ДПА, Зијадин Села имал сообраќајна несреќа на улица „Скупи“ во Скопје, според непотврдени информации.

Како што пренесе Нова Македонија, автомобил „Фолксваген“ со струшки регистарски ознаки, за кој се претпоставува дека е на Села, вчера попладнето се судрил со камион.

Во несреќата нема повредени, а сообраќајот накратко бил во прекин, додека дежурните служби го тргнале „Фолксвагенот“, според тврдењата на очевидци.