Hernan Cattaneo е еден од најреспектираните дј и продуценти во електронската музичка индустрија, креаторот на светски познатото радио шоу RESIDENT, човекот кој повеќе од 3 децении е дел од најважните журки, клубски забави и фестивали ширум светот…

Журката е закажана за сабота 10ти Јуни на стадионот Работнички во Градскиот парк. Како локална поддршка ќе биде DjNikifor, а организаторите најавуваат и одличен RCF Line Array Sound System, најдоброто светло, големо ЛАСЕР шоу, лед скринови, CO2 JETS и многу повеќе…

Влезници во претпродажба по супер промотивна цена за првите 500 влезници од 500 денари, а потоа 600 денари, во ПОЛА ЈУГОТОН и www.kupikartizase.com продажните места низ целата земја.

Настанот е во организација на SUN Production, за повеќе информации или резервации можете да ја посетите ниваната фан страна https://www.facebook.com/SunProductionMKD/ .