Журка до раните утрински часови: Пол Ван Дајк денеска во Метрополис арена!

На 3 февруари, петок, Метрополис арената во Скопје ќе бдие место каде што Пол Ван Дајк ќе ги донесе новите звуци на The politics of dancing 3.

Журката е предвидена да започне во 21.00 и да трае до раните утрински часови. Освен новиот албум на кој што работеше изминатиов перидо, Пол Ван Дајк ќе ги донесе и своите најголеми хитови по кои што го препознава светот.

Влезниците за неколкучасовниот сет на Пол Ван Дајк можете да ги обезбедите преку продажната мрежа на купикарти за се, Розе Веро 2, Пола Југотон и Југотон Рекордс.

По настапот на Пол Ван Дајк, журката ќе продолжи со македонскиот диџеј кој што чекори кон светот. Галоски е 25 годишниот диџеј и продуцент кој има потпишано изданија за издавачката куќа на Nicky Romero – Protocol Recordings, Flamingo Recordings на Fedde Le Grand, Armada на Armin van Buuren и има поддршка од светски познатите диџеи како David Guetta, Avicii, Hardwell, Nicky Romero, Afrojack и др. Овој петок ќе ја има честа да ја затвори ноќта во Метрополис арена каде што настапува заедно со музичката икона пол Ван Дајк.

Пред Пол Ван Дајк пак, честа да ја отвори журката ќе му припадне на Chris Bekker, диџејот кој што функционира и работи во центарот на електронската берлинска сцена а е под капата на продукција на Пол Ван Дајк.