Животот станува се поскап

Иницијативата за државната социјална пензија, наиде на поддршка од граѓаните, како што велат на најзагрозените од  третото  доба, ќе им овозможи егзистенцијална сигурност.

Трошоците на живот за само една година се зголемиле за 1,4%, малопродажните цени пораснале за 3,2%, покажуваат најновите податоци на Државната статистика.

Вицепремиерот  Анѓушев тврди дека социјалната пензија нема да биде товар за буџетот, планирано е да изнесува 40% од просечната старосна пензија, што во моментов е околу 5.300 денари и да отпочне со реализација до 2020 година.

Со оглед дека дефицитот во пензискиот систем континуирано расте, а зависноста на пензискиот систем од централниот буџет е голема, пензискиот систем е пред сериозен предизвик за реформа.

Од министерството за труд  информираат дека во тек се пресметките за тоа колку оваа  пензија ќе го оптовари буџетот.

Анализата треба да опфати граѓани кои живеат на територија на Република Македонија, имаат македонско државјанство, и такви што  имаат живеалиште на територијата на државата, но ќе има граѓани кои веќе имале период на осигурување и работен стаж во државата кој што е под 15 години,  или пак имаат стаж на осигурување во друга држава со која државава има договор за социјално осигурување, како и колку македонски државјани со возраст над 65 години остваруваат други приходи.