Животот почнува кога ќе престанете да им угодувате на другите

На почетокот мислите дека тоа  е добро, дека ќе ви донесе некаква награда, дека им правите голема услуга на другите луѓе. Можеби. Но, себеси си одмагате. Се губите себеси во сето тоа.

Тие никогаш не би го направиле истото за вас, а тоа често ќе го научите многу доцна. Ќе сфатите дека зависите само од себе и дека можете да се потпрете само на себеси.

Животот, оној убавиот живот почнува кога ќе престанете да им угодувате на другите луѓе. Често за тоа треба да помине половина живот, за да го сфатиме тоа. Не дозволувајте да биде така. Не дозволувајте да биде предоцна и да се прашате зошто не сте го направиле тоа порано.

Можеби сте мислеле дека тоа го правите бидејќи сте човек со големо срце, бидејќи ги сакате или почитувате другите, бидејќи сакате да бидете добро или да поправите некои грешки.

Сакајте ги и угодувајте им само на оние кои ви се најблиски. Не трошете време на оние другите, кои не би го направиле тоа за вас.