Животот не се мери според тоа колку често сме земале здив, туку според моментите кои ни го одземале здивот!

Поминувајте што е можно повеќе време со саканите, затоа што тие нема да бидат вечно покрај вас.

Подарете некој љубезен збор на оној кој ве гледа со стравопочит, затоа што таа мала личност наскоро ќе порасни и ќе си отиде.

Сетете се да им дадете топла прегратка на оние крај вас, затоа што тоа е единственото богатство коешто можете да го дадете со своето срце, а не чини ништо.

Сетете се да кажете „Те сакам“ на оние кои се крај вас и на оние кои ги сакате, но најважно од се – искрено мислете го тоа.

Бакнежот и прегратката можат да излечат рани, ако доаѓаат длабоко од срцето.

Сетете се да се држите за раце и ценете ги моментите кога сте заедно, затоа што еден ден таа личност нема да биде покрај вас.

Најдете време да љубите, најдете време да разговарате и најдете време да ги поделите вашите драгоцени мисли со другите.

Смејте се често, долго и искрено. Смејте се додека не изгубите здив.

Солзите се случуваат.

Издржете, нека ве боли, ќе преживеете.

Во секоја прилика кажувајте им на луѓето дека ги сакате, затоа што животот не се мери според тоа колку често сме земале здив, туку според моментите кои ни го одземале здивот.

~ Џорџ Карлин