Еден ден се ќе има смисла.

Болката којашто сте ја доживеале, уништените пријателства, луѓето коишто ветиле дека ќе останат, а не останале... Еден ден ќе се завртите назад и се ќе ви биде јасно. Ќе сфатите дека болката е природен дел од животот. Се низ што проаѓате само ве прави посилни. Ќе сфатите дека луѓето не се совршени.

Можеби еден ден ќе успееш да простиш и да пуштиш.

Еден ден се ќе има смисла.

Чудното чувство во длабочината на твојата душа кое ти зборува дека одиш по нешто коешто се чини невозможно, кое ти кажува дека би требало да го направиш без оглед на тоа колку лудо се чини и да не се предадеш – еден ден ќе се потпреш на столицата, ќе се осврнеш на твојот живот и ќе сфатиш дека ти било судено да ти се случат големи работи. Дека требало да ги следиш своите соништа и страсти. Дека вредела истрајноста околку тоа што го сакаш.

Можеби еден ден ќе го сакаш својот живот и ќе го славиш.

Еден ден се ќе има смисла.

Скршеното срце, предавството, личноста за која сте мислеле дека секогаш ќе биде тука, а ве напуштила и кога највеќе ти била потребна – еден ден нема ни да се поместите при споменувањето на нивното име, ништо нема да ве запече во срцето, а болката во градите ќе биде заменета со нова личност.

Можеби еден ден таа личност ќе биде само бледо сеќавање.

Еден ден се ќе има смисла.

Работите кои не сте ги добиле, падовите, неуспесите, патиштата со брз крај... ќе сфатите дека животот не е рамна линија. Ќе сфатите дека ги немате сите одговори и дека тоа е во ред. Ќе сфатите дека животот се состои од управување со она што не може да се управува и дека секој чекор е важен. Секое погрешно свртување само ја продлабочува вашата прекрасна приказна.

Можеби еден ден ќе сфатите колку далеку сте стигнале и ќе бидете горди на себе.

Еден ден се ќе има смисла.

Неуслишените молитви, ноќите во кои сте ги барале ѕвездите, исцелувањето кое не сте го добиле, утрата во кои сте плачеле и деновите со кои едвај сте се соочувале – еден ден на вашето срце нема да му биде тешко. Ќе ја пронајдете среќата во малите работи. Ќе видите дека болката носи напредок и дека морате да туркате за да стигнете на другата страна.

Можеби еден ден ќе сфатите колку сте силни и ќе станете посамоуверени.

Еден ден се ќе има смисла.

Сите препреки, страв, скршено срце, огорченост, грижи – еден ден ќе знаете дека секој чекор, секоја препрека, секоја промена и сеќавање е заслужно за личноста во која сте се претвориле. Се тоа ве направило посилни личности. Ви дале моќни лекции. Ви дале живот кој е вреден за насмевките.

Можеби еден ден ќе сфатите колку е животот прекрасен. И колку сте вие прекрасни личности.