Животните во Зоолошката градина по најсилниот земјотрес не можеле да се смират! (видео)

Мајмуните, коњите и птиците во скопската зоолошка градина во неделата по најсилниот земјотрес изминативе пет дена не можеле да се смират со часови.

Животните што живеат во зоолошки и се родени тука не го имаат природниот инстикт како оние во природата, но сепак реагираат на промените. Она што може да се забележи е дека животните се смирени и според нивното однесување нема да има посилен земјотрес, пренесува Канал 5.

Први реагираат глодарите. Деновиве биле забележено глувци од вообичаено, но и тие се смириле. Во истражувањата покажуваат дека во природата пред земјотресите највознемирени се кучињата, жабите, змиите и мравките.