Животни мудрости кои можат да ви го променат животот

Мотивациските мудрости кои ги имаат кажано многу познати и непознати личности можат од темел да ви го променат животот, особено кога мислите дека сте заглавени во сопствениот живот...

Понекогаш животот е тежок, па потребен ни е некој утешен збор, прегратка, вкусна чоколада, малку одмор или некаква мудра мисла која ќе ни даде нова перспектива за животот. Затоа и подготвивме неколку мудри мисли од познати и непознати личности, кои на свој уникатен начин го опишале светот и искуствата околу себе и својата мудрост ја пренеле на целиот свет.

„Можеш да го живееш животот на два начина. Едниот начин е да мислиш дека ништо во животот не е чудо. Вториот е да живееш како сѐ во животот да е чудо.“ – Алберт Ајнштајн

„Немојте да го судите денот според плодoвите кои сте ги собрале, туку според семето кое сте го посадиле.“ – Роберт Луис Стивенсон

„Патувањето од 1000 километри започнува со еден чекор.“ – Лао Цу

„Животот никогаш не е праведен, а можеби за поголемиот дел од нас и добро што не е.“ – Оскар Вајлд

„Животот е како возење велосипед. За да ја одржите рамнотежата, морате да се движите.“ – Алберт Ајнштајн

„Заминете си од сѐ она што ви ја одзема животната радост. Животот е прекраток за да трпите будали.“ – Непознат автор

„Смислата на животот не е да се пронајдеме себеси. Смислата на животот е да се создадеме себеси.“ – Џорџ Бернард Шо

air max 90 essential sale