Животни лекции кои ги научивме од „Кум“

Сите делови од филмот „Кум“ се култни класици кои претставуваат и еден од најпопуларните серијали на сите времиња.

Овој филм е приказна за моќта, семејството и парите.

Ова се работите кои ги научивме од овој филм.

Никогаш не ветувајте нешто што не можете да исполните

Вашиот збор е најважното нешто што можете да го понудите. Не земајте го здраво за готово. Секогаш прво помислете дали можете да го исполните даденото ветување.

Не се мешајте во животот на другите

Особено не се мешајте во туѓите бракови. Тие се лични работи во кои не треба никогаш да навлегувате, освен ако некој не побара совет од вас.

Семејството  е најважното нешто на светот

Крвта е погуста од вода. Човекот кој не минува доволно време со своето семејство, никогаш не може да се смета за вистински маж. Воедно, најголемото богатство на светот се децата, а тие се поважни од сета моќ и сите пари на светот.

Никогаш не реагирајте кога сте бесни

Мислете мудро и дипломатски. Емоционалните испади на крајот можат да ве донесат до дното. Не станувајте предвидливи.

Држете ги пријателите блиску, а непријателите уште поблиску

Важно е да внимавате на своите непријатели, да бидете тактични. Задржете ги добрите односи со нив, бидејќи во спротивно нема да можете да се вратите во игра.

Не можете да го избирате семејството, но можете да ги изберете пријателите

Секогаш земете ги предвид предностите кои можете да ги имате со секое пријателство. Пријателството базирајте го на доверба и почит.

Не ги сфаќајте работите премногу лично

Понекогаш, едноставно морате да имате на ум дека тоа не е ништо лично, тоа е работа, вели Мајкл Корлеоне.