Живот на еден велосипедист: во свои раце или во раце на возачите?

Откако со сигурност утврдивме дека сите учесници во сообраќајот се неодговорни и тврдоглави и дека секој за себе смета дека е во право кога се наоѓа во сообраќајот и откако посочивме за неодговорностите кои ги прават пешаците, овој пат ќе говориме за велосипедистите. Сепак, моето мислење е дека оваа група на учесници во сообраќајот во најмала мера е неодговорна за разлика од останатите учесници, но секако ниту кај дел од нив не изостанува несовесното однесување. Минатата година 9 велосипедисти го загубија животот на патиштата во Македонија.

За разлика од останатите учесници кои ги споменавме, велосипедистите во многу случаи се спречени да функционираат на патиштата бидејќи многу често наидуваат на препреки. Со убавото време има се повеќе велосипедисти кои функционираат во главниот град. Сепак, ниту препреките не се оправдување за неодговорното однесување на велосипедистите, како што е возење на коловоз во спротивна насока од движењето на автомобилите, менување на правец на движење без претходно, возење во вечерните часови без светлосна сигнализација и уште многу други.

-Воопшто не се чуствувам пријатно, а на моменти ме фаќа и паника кога ќе забележам дека од спротивен правец ми доаѓа велосипед. Веднаш ја намалувам брзината, се обидувам да го избегнам велосипедот што можам, но на одредени места и коловозите се тесни и верувајте кога гледам предното тркало на кое стои управувачот како се движи лево-десно, со мало невнимание може директно да се судри во мојот автомобил. Ваква ситуација имаше мојот брат, но за среќа велосипедистот помина со една скршеница, вели Горан З.

Дел од велосипедистите со кои разговаравме и самите потврдуваат дека и кај нив постои неодговорност, но дека на крај од денот нивните животи зависат од неодговорноста на возачите на автомобилите.

- Јас веќе втора година со велосипедот се движам нив главниот град, а и одам на работа со него. Можам да потврдам дека и ние велосипедистите во голема мера сме неодговорни, постојано има велосипедисти кои поминуваат на црвено светло, возат во спротивен правец на коловозот, верувајте се може да се види. Но мислам дека велосипедистите се најмалку неодговорни во сообраќајот, сите се обидуваат да возат на велосипедски патеки, што морам да признаам дека ги има се повеќе, но што да правиме кога автомобили или такси возила се застанати на патеката на која што возиме или кога граѓаните не ни се тргаат од нашата патека. Се надевам дека сите ќе зе освестиме и сите ќе допринесеме за безбеден сообраќај, но сепак на крај од денот нашите животи зависат од неодговорноста на возачите на автомобилите.

Неминовно е дека Скопје прераснува во град на велосипедисти, се повеќе површини се претворија во велосипедски патеки, а и Скопје доби многу повеќе велосипедисти. Одговорноста треба да биде кај секого од нас поединечно, да размислиме за своите постапки и како пешаци, велосипедисти и како возачи на автомобили. Зголемувањето на културата во сообраќајот на сите ќе ни донесе безбеден сообраќај, пешаците да внимаваат каде и на кој начин преминуваат улица, а возачите да им дадат предност за да можат безбедно да го направат тоа. Пешаците да внимаваат на велосипедистите и да не се движат на патеката која е обележана за нив, бидејќи имаат свој простор за движење, а велосипедистите да не се движат во сообраќајот во спротивна лента, да даваат навремена сигнализација за промена на правецот и да носат светлосна сигнализација во вечерните часови. Возачите и нивното однесување кое избива на првото место во групата на неодговорни учесници во сообраќајот, ќе го оставиме за наредниот текст. Возачите се тие кои што во најголема мера го загрозуваат животот на останатите учесници и тие со неодговорното однесување допринесуваат за големиот број на патиштата.

new nike air max 2019