Жителите на Дебар Маало доставија барање до Шилегов за стишување на „Самрленд“

Жителите на Дебар Маало оваа лето немаат мир. Тие најпрвин преку петиција бараа да се дислцира фестивалт Самрленд, а сега дставија и барање до Град Скопје и до градоначалникот Петре Шилегов преку кое повикуваат да се намали секојдневната бучава што се создава за време на одржувањето на фестивалот. 

Фестивалт ќе трае речиси цел месец, до 28 јули.

Овој фестивал беше убаво прифатен од страна на голем дел од граѓаните бидејќи истиот овозможува бесплатна музичка забава за сите, но не и за жителите на Дебар Маало кои подолго време се без мир и бучавата секојдневно ги вознемирува.

Дебармаалци бараат надлежните од Град Скопје да преземат мерки за намалување на бучавата при организирање манифестации и концерти на отворен простор во Градскиот парк.