Жителите на Автокоманда и Железара неколку дена без греење: „Плаќаме најскапо парно за да се смрзнуваме“

Жителите на скопските населби Автокоманда и Железара веќе неколку денови по ред немаат топло парно иако сметките навреме преку целата година ги плаќаат.

Како што велат тие парно немаат оние кои се снабдуваат на таканареченото „Железарско“ парно.

Револтираните граѓани преку социјалните мрежи спасот го бараат во надлежните институции.

-Што се случува со парното, знае ли некој?, колку е надвор ладно толку и радијаторите се поладни, прашувам за енергетика?, стои во еден од коментарите.

-Плаќаме најскапо парно греење, па треба ли да се смрзнуваме? Срамота…

-Плаќаме 12 месеци редовно парно, а шест дена по ред имаме температура од 18 степени, ова се само дел од коментарите.

Инаку деновиве температурите надвор се минусни што е уште еден проблем за семејствата со мали деца од овие населени места.

cheap nike free run 5.0