Жителите на Аеродром годишните даночни пријави ќе може да ги поднесуваат во Општината

Управата за јавни приходи (УЈП) во периодот од 26 февруари до 16 март, ќе врши прием на годишните даночни пријави за 2017 година во просториите на Општина Аеродром.

Од општина Аеродром информираат дека УЈП обезбедила просторија во Општината и свој кадар што ќе го врши приемот на обрасците од граѓаните и доставувач кој ќе ги презема примените пријави, со цел доближување на услугите до граѓаните.

Канцеларијата на УЈП во Општина Аеродром ќе биде отворена во две смени од 08:00 до 18:00 часот.