Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“, Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 24-годишниот А.А. од струшкото село Подгорци.
– На 23-ти август 2019 година, во неговиот дом се обидел да изврши обљуба брз малолетна девојка, информираат од СВР Охрид.