Жика Стојановски: Невработеноста во Илинден од 38, ја намаливме на 6 отсто

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со трибините, кои се еден од начините со кои партијата е поблиску до граѓаните. Денеска трибина имаше Комисијата за транспорт, урбанизам и градежништво.

Градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски истакна дека општината, како локална самоуправа немаше елементарна инфраструктура која што ќе ги задоволи потребите за развој на општината.

-ВМРО-ДПМНЕ е партија која целосно се залага за стандардот на граѓаните. Во Илинден она што не постоеше сега постои. Изградено е нова градинка со капацитет од 400 деца што е една од поголемите во градот Скопје. Во делот на образованието има нова зграда, изградба и реконструкција на училишни институции. Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше целосна посветена на децата во образованието. Изградени се 12 домови за култура во општината за подобра комуникација со граѓаните. Граѓаните имаат катчиња за комуникација што е неопходно за дефинирање на приоритетните проекти за општината, истакна Стојаноски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ придонесува за локален развој и економски зони каде што со донесување на плановите се опфатени најатрактивните локации каде што дојдоа над 180 нови инвестотори кои директно влијаат на невработеноста.

-Во 2008, невработеноста во општина Илинден изнесуваше 38%. Денеска изнесува 6% со што ќе продолжиме да созадаваме и да овозможиме вработување и зголемување на стандардот на граѓаните, вели Стојановски.

На крајот на дискусијата, Стојановски им порача на граѓаните дека тоа што ги краси кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ е работата. Секогаш работата победува и трудот излегува на површина. Истакна дека во неговата програма има многу ветувања. Дел од нив се: подобрување на патна инфраструктура, изградба , реконструкција санација и рехабилитација на патиштата. Повеќе од 40 км локални патишта и улуици се изградени во иминатиот период од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Изградба на фекална канализација, зафатат и прочистување на фекалните води. 4 сегмента, 16 км за изминатиот период . Ќе работиме на прочистување на водите во каналскиот систем Скопско Поле, Арачиново,Гази Баба Петровец и Зелениково.