Жено, биди кралица!

Биди кралица. Имај храброст за да бидеш различна.
Биди пионер. Биди лидерка.
Биди жена која кога се соочува со непријатности продолжува да го сака животот и без страв се соочува со предизвиците.
Прифати го тоа!
Барај ја вистината и владеј со своето кралство, каде и да се наоѓа тоа: во твојот дом, во твојата канцеларија, во твоето семејство. Прави го тоа со срце полно со љубов.

Биди кралица. Биди нежна.
Секогаш нека те водат нови идеи, уживај во тоа што си жена...
Јас ќе се молам за тоа да не губиме време како неинтересни и просечни...

Ние сме ќерки на Бог и тука сме за да го научиме светот како се сака.
Не е важно низ што си поминала, од каде си, кои ти се родители, ниту пак е важна твојата општествена или економска положба. Ништо од тоа не е важно. Важно е тоа што си избрала да сакаш и да искажуваш љубов преку твојата работа, семејство, преку она што имаш да му го понудиш на светот...

Биди кралица! Не се откажувај од својата моќ и својата слава!