Жените од Албанија масовно бегаат од своите и се мажат за христијани во Македонија и Србија

Свадбите меѓу маж Македонце и жена Албанка се, се почести, што некои тоа го осудуваат, а некои поддржуваат.

Ако девојката има 20 години и не е мажена, а не студира, околината ја третира како да и поминал рокот и никој не ја сака. Затоа не ги одбиваат ни момчињата од други националности кои би ги земале за жени, па макар тоа и да биде со посредство на агенција. За нив е поголема срамота да останат немажени.

Ним не им претставува проблем ни разликата во години. Важно им е младоженецот да е ситуиран, да ја почитува жената, а штом е постар тоа значи дека тие поскоро ќе станат сопственички на неговиот имот.

Тие не ги сакаат Албанците од Косово, бидејќи кај нив жените немаат право на глас, изневеруваат, а неретко и малтретираат. Кај нив е всадена помислата дека Албанците од Косово се сиромашни, а Македонците и Србите се вредни за почит и имаат поголема предност за женидба.

Најважниот фактор поради кој жените се мажат за Македонци или Срби е свадбата иако тоа не сакаат да го признаат. Тие свадби се поубави и повесели. Кога се венчаат Македонец и Албанка се прават две свадби.