Страната „Менсфитнес“ неодамна спроведе анкета во намерата да го открие женското размислување за тоа што значи мажественоста. Откријте дали се вклопувате во нивната дефиниција за алфа маж.
Чувствителност и храброст
„Мажествениот маж е чувствителен, скромен и има често срце. Може да се насмее на своја сметка и се грижи за среќат на другите луѓе. Мажествениот маж е исто така и храбар и има силни морални убедувања.“ – Британи
Духовитост и интелигенција
„Мислам дека духовитоста и интелигенцијата се тоа што мажот го прават мажествен. Не верувам дека мускулите се пресуден фактор.“ – Ана
Самосвесен и посветен на нешто
„Да се биде самосвесен и страствен за нешто во животот е тоа што еден маж го прави мажествен. Не е се во големи раце и мускули – иако се разбира и тоа е убаво.“ – Џулија
Самоуверен успешен маж
„Мислам дека мажот е мажествен кога ќе покаже самоуверенст. Наместо да каже: „Каде да сакаш ќе одиме“, треба да каже: „Ќе одиме таму и таму. Ќе те соберам во 8.“ Исто така мислам дека човекот го одредува и успехот во кариерата и кога обраќа внимание на своите грешки.“ – Ана
Маж кој знае што сака
„Маж кој знае што сака. Некој кој се грижи за себе исто како и за својата околина. Некој кој е вреден, кој напорно работи без оглед на тоа што работи. Секогаш сакам да запознавам мажи кои имаат познавања од животот. Сакам кога мажот има темна коса, темни очи, кога е набилдан и неизбричен.“ – Даниела
Умее да готви и ја почитува работата на жената
„Мислам дека е многу мажествено кога мажот е чувствителен, сочувствителен, романтичен и страствен. Тоа значи дека има толку многу самодоверба што не се грижи за стандардите за мажите кои не покажуваат емоции. Исто така мислам дека вистинскиот маж умее да го готви и дека не очекува жената да работи што било, а од друга страна почитува кога ќе го направи тоа.“ – Сузан
Кога поправа по дома
„Кога ќе се испоти и извалка додека прави физички работи по дома.“ – Џенифер
Начинот на кој се однесува кон жената
„За мене мажественоста нема врска со физичките карактеристики. Мислам дека тоа што мажот го прави мажествен е начинот на кој се однесува кон жената, особено кон жената која ја сака. Мали знакови на внимание и гестовите кои жените ги сакаат. Малите гестови се многу мажествени.“ – Жаклин
Поддршка на саканата жена
„Мажот е мажествен кога ги подржува моите соништа и цели и иако знае дека можам да се грижам сама за себе и понатаму има доволно сочувство кога ми е потребна поддршка.“ – Џулија
Физички атрибути
„Физичките атрибути како широки рамена, долги раце, висина, самодоверба, самосвесност, добар задник, мажествени црти на лицето.“ – Мишел
Презема контрола
„Подготвеноста да преземе контрола, прави планови и да биде самоуверен во своите одлуки.“ – Кортни
Физички атрактивен маж со длабок глас
„Спортски тип и длабок глас.“ - Хана
Знае да промени гума
„Тој сака да ти помогне да ги поправите работите и знае да промени гума и да поправи квака.“ – Јуми
Финансиска сигурност и независност
„Независност, финансиска сигурност и да е во склад самиот со себе.“ – Кортни
Искрен кон себе и другите
„Мислам дека постои многу притисок за мажите да бидат мажествени. Дефиницијата за мажественост подлежи на постојана промена и варира од личност до личност. Мислам дека мажот е мажествен кога е искрен со самиот себе и со луѓето околу себе. Не е исплашен да ја покаже својата личност или чувствата, без оглед на исходот.“ – Викторија
Чесен маж
„Косата е мажествена, исто како и чесноста, смислата за хумор. Да се биде спретен, да знае да го готви, да биде чист. Тешка работа.“ - Оливија