Дамите велат дека големината на пенисот не е проблем, но ситуацијата со малиот пенис не е некоја „среќна“ глетка.

Овде не се наметнува само физиолошката, туку и емотивната и психичка проблематика која особено ги погодува мажите кои не можат да се пофалат со својата големина. Тие често паѓаат во криза поради тоа и имаат мошне големи фрустрации. Но, што мислат жените, дали тоа е реален проблем?

Не сум личност која обожава големи пениси, напротив – сакам нормална големина. Само еднаш имав искуство со екстремно мал пенис, па му беше многу непријатно на момчето, Јелена (28 години)

Имам искуство со секакви фраери, од кои двајца со многу мали пениси. Едниот воопшто немаше проблем за тоа и имавме одличен секс. Другиот беше многу несигурен во себе, иако никогаш не му кажав нешто во врска со тоа, Мила (35 години)

Мене ми се случи тоа со едно момче во кое бев заљубена пет години. Го чекав и го сонував моментот кога конечно ќе бидам со него, но кога дојдовме до сексот, сите мои соништа потонаа. За среќа, момчето беше идиот, кој по сексот веќе не ми се јави, а мене ми остана споменот за кој до ден денес се смееме со моите другарки, Сузана (39 години)

Многу мал пенис би ми сметал. И мажите нас не гледаaт воинтимните делови од телото, па не можам да кажам дека тоа не е важно. Но, подобро е мал пенис, отколку голем идиот, Ана (32 години)

Се е перцепција. Не е проблемот во тоа дали некој има или нема мал пенис, туку како се носи со тоа. Имам искуство со таквии мажи и потешко им било нив, отколку мене. Како да чувствуваа потреба да се правдаат и да се објаснуваат, Милена (42 години)