Жените го менуваат стереотипот за армијата како машка професија

Во Армијата на Македонија жените во копнената војска се застапени со 4,01 отсто и 4,89 отсто во воздухопловството и противвоздушна одбрана.

Процентуално, жените најмногу се застапени во другите служби во вооружените сили, во кои спаѓаат, на пример, цивилни лица во воена служба, медицински персонал, административен персонал, воена полиција, резервисти со целосно работно време или половина работно време.

 Во овие категории во Македонија жените се застапени со 9,81 отсто.

Интеграцијата на жените во војската би можела да го смени ставот за армијата како институција која првенствено се занимава со војување кон перцепција за структура насочена кон градење мир и безбедност.