Жените го лажираат оргазмот за партнерот да се чувствува подобро

Жената на многу начини може да го изненади својот партнер во кревет. Со нова заводлива долна облека, движења, изведба, но и лаги.

Според истражувањето спроведено на примерок од 2.300 испитаници, дури 67% од жените во еден момент од животот глумат оргазам. Меѓутоа, одглумениот оргазам не е ништо ново за мажите, туку она што изненадува е причината поради која жените се одлучуваат за лажен оргазам.

Имено, дури 50 отсто од жените признале дека глумат оргазам за сексот да заврши што побрзо. Интересно е тоа што 28 отсто од жените се одлучуваат за глума на експлозивен крај за нивниот партнер да не се чувствува лошо, а 32 отсто од испитаните жени откриле дека не можат да доживеат оргазам поради својата несигурност и преоптовареност со изгледот. Податокот кој не им оди во прилог на мажите е и признанието на дури 72 отсто од испитаничките кои откриле дека мажите често ги оставале на „цедило" и воопшто не се потрудиле да ги одведат до оргазам.