Жени кои треба да ги одбегнувате во животот

Во Вашиот омилен кафе бар запознавате преубава девојка. Слободна е! И пие пиво?! Зошто не би ѝ пришле, така? Иако Вашата потенцијална девојка делува совршено, ова однесување оддава знаци дека можеби не вреди да се трудите. Обрнете внимание на овие четири типа на жени кои би требало да ги одбегнувате - секако, доколку не сте сигурни дека таа е вистинската.

Жена која од неодамна е сингл

Во што е проблемот:“Жените кои закрепнуваат од раскинување се привлечни, бидејќи се полни со страст и помалку диви, но ќе Ви го скршат срцето” – предупредува Donna Barnes, советник за врски од Њујорк. Ваквите девојки се обидуваат на секаков начин да ја преболат минатата врска, па затоа се препуштаат на секој кој ќе им помогне да се чувствуваат подобро. Тоа значи и влетување во нова врскa и брзо одвивање на работите, кои обично и брзо завршуваат. Освен тоа, ако влезете во врска со девојка која сè уште ги нема решено проблемите од минатата врска, голема е веројатноста дека некои од проблемите ќе ги префрли на Вас, а тоа не би требало да го трпите.

Жена која пие сама на шанк

Во што е проблемот:“Мажите лесно “паѓаат” на жени кои делуваат забавно. Но, бидете внимателни: таа можеби раскинала со партнерот или имала ужасен ден на работа, а ваквите жени често знаат да бидат многу емотивни под дејство на алкохол.” – вели Rachel Saussman, авторка на книгата The Breakup Bible.

Жена на која сите ѝ се виновни

Во што е проблемот:Ако секоја нејзина приказна е за нешто лошо што се случило – но не по нејзина вина – бидете внимателни: “Таа не е способна да преземе одговорност за своите постапки и никогаш нема да почувствува потреба да го промени своето однесување.” – вели Barness. За жал, многу луѓе се жалат бидејќи сакаат да бидат во центар на вниманието. Ако забележите вакво однесување, подобро би било да се повлечете.

Жена која не се одвојува од својот мобилен телефон

Во што е проблемот:“Зависноста од паметните телефони значи дека ѝ е потребен контакт со другите за да се чувствува сигурно.” Доколку не се допишува со пријателките, веројатно одговара на работните мејлови, што е подеднакво лошо. Поентата на излегувањето е дружење со луѓе, a доколку некој не е во состојба да ја “остави” работата пред вратата од кафулето во петок навечер, таа зависност ќе претставува проблем и понатаму во врската.