Жената секогаш одредува како мажот ќе се однесува со неа

Мажите никогаш не го подаруваат своето срце без причина. Ако сакате вашиот маж да биде совршен џентлмент, тогаш и вие мора да бидете дама.

Дама не значи само да имате стил на облекување и да се однесувате според општествените норми. Да се биде дама е нешто многу повеќе.

Еве на кои женски карактеристики им се восхитуваат мажите. Кога овие карактеристики ќе ги препознаат во девојките, во состојба се да направат се за таа девојка.

Искреност

Вистинскиот маж ја цени искреноста кај жената. Жена која може да биде отворена и искрена, може и јасно да каже како се чувствува. Во денешниот свет, ова е огромен плус.

Емпатија

Има многу случаеви во кои мажот не сака секогаш да биде во право. Само сака да биде сфатен. Ако само го прифатите фактот дека тој има поинаква перспектива од вас и ги погледнете работите од негова гледна точка, тој ќе ви биде вечно благодарен.

Прифаќање

Една од најлошите работи кои можете да ги направите е да го осудувате мажот, особено кога станува збор за неговиот живот пред да ве сретне вас. Тој не бара простување, тој едноставно сака да го прифатите каков што е.

Доверба

Ако докажал дека е стабилен човек кому може да се верува, верувајте му. Сака да биде сигурен дека му верувате. Тоа го прави посилен.

Имате цел

Секој сигурен маж кој има цел во животот бара жена која има своја цел. Мажите сакаат жена која има цели кои не го вклучуваат него. Така му давате до знаење дека светот не се врти околу него.

Поддршка

На секој маж му е потребна поддршка. Сака искрено да верувате во него. Премногу критика има на овој свет. Бидете негова поддршка и поттикнувајте го да ги остварува своите соништа. Ако жената во која е заљубен верува во него, тоа ќе го поттикне да биде подобар човек.

Рационалност

Ништо не е така добро како жена која е задоволна со себе, со својот партнер и со својот живот. Ужива во тоа што го има, затоа што може да се опушти и не мора постојано да се труди да ве импресионира.

Цврсти темели

Го сака тоа што имате стандарди, а уште подраго му е кога се држите до нив. На вистинските мажи не им пречи жена која има принципи. Напротив, ќе се потруди да го достигне нивото кое сте го поставиле.

Автентичност

Тој навистина ќе го цени тоа што се претставувате онакви какви што сте. Без маски, без глума, без трепкање.

Енергичност

Сите сакаат кога некој дава се од себе. Тој квалитет не само што е привлечен, туку и ги поттикнува останатите да се трудат да ги остварат своите соништа и цели.