Жената родена во овој знак има неверојатна енергија и никого не остава рамнодушен

Таа има чиста енергија и е навистина посебна. 

Станува збор за жената Водолија. Таа е слободна, дива и не може лесно да ја спуштите на земја. Низ животот оди безгрижно и цврсто ги држи конците на својата судбина.  Жената Водолија е олицетворение на женственоста. Ја сака природата и животните.

Таа се движи лесно, но се грижи многу. Често е социјална пеперутка, а друг пат волк самотник. Таа е емотивен хаос, а често делува толку смирена. Живее во својата глава, а има најголемо срце на светот. Таа е најголемата контрадикторност која ја познавате.

Знае да биде дива, тврдоглава и бестрашна. Може да се трансформира во една секунда и да не знаете на што сте со неа. Таа е родена да биде само своја и потполно слободна. Не можете да ја ставите во рамка, не можете да и наметнете никакви норми на однесување. 

Кога станува збор за љубовта, таа е забавна, сака лудо и незаборавно и со нејзе, животот може да биде вистинска авантура. Тешко и е да се заљуби вистински, но штом се заљуби, сака некој со кој ќе може да се поврзе на емотивно ниво. Почитта и искреноста и се најважни.