Жената која се сака себеси ги има овие навики поради кои секогаш е здрава и среќна

Нашето тело е нашиот темел. Жената која постојано го оценува своето тело не е жена која се цени себеси. Ако телото не е во ред, ни душата не е во ред.

Женски навики

Навиката да се спие доволно е неопходна за убавина и за хармонија на умот и душата. Недостатокот на сон доведува до уништување на физичката убавина, води кон хормонални пореметувања, анксиозност, раздразливост и депресија. Да не ги спомнуваме подочњаците и брчките. Ценете се себеси – легнувајте си порано!

Одмарајте се кога ќе почувствувате замор. Не глумете херој и човек кој е добар за другите. Несоодветниот одмор води кон неподготвеност да се прави нешто важно, води кон раздразливост и прекумерна тежина. Ценете се себеси – одмарајте се редовно!

Вкусното и здраво јадење е многу важно. Има голема вистина во познатата изрека: „Ти си она што го јадеш!“ Жена која се сака себеси се однесува кон своето тело исто како внимателен родител кон своето дете. Ценете се себеси – хранете се здраво и вкусно!

Ако сакате да вежбате – вежбајте! Но, пред да вежбате, одвојте 20 минути за одмор и 20 минути за прошетка. На телото му е потребно движење. Но и претерувањето не е во ред. Најважно е да ја најдете вистинската форма. 

Движењето ќе ги согори калориите, движењето ќе донесе радост за телото и душата, затоа што движењето е живот. Дури и кога сте тажни, депресивни и исцрпени – ценете се себеси и редовно движете се!

Негувањето на своето тело не подразбира одење на маникир еднаш годишно, туку постојано негување и водење сметка за себеси. Не заради мажот или општеството, туку за себе. Ценете се себеси и секогаш внимавајте на себеси!

Сакајте го своето тело и немојте да го форсирате!

Засакајте го своето тело онакво какво што е и тоа ќе ви возврати со љубов и добро здравје!