Жената која допатува од Милано нема коронавирус

Негативни се резултатите од патничката која слетала од Милано и беше тестирана на коронавирус, информираа од Министерството за здравство.

Резултатите на пациентката која вечерва беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни. Ја следиме ситуацијата, постапуваме согласно протоколите на СЗО и продолжуваме редовно да ја информираме јавноста, велат од Министерството.