Жена Водолија: Чудесна и своја...

Чудесна, непредвидлива, слободоумна, мирољубива, откачена, ексцентрична, искрена, квалитетна, иновативна, забавна, оптимистична, оригинална – се ова се епитети кои ја опишуваат жената Водолија.

Жената Водолија е интелигентна, женствена и нежна, но на свој, необичен начин. Не се обидувајте да и наметнете строги правила и не очекувајте од неа да го прави она што не и е по волја. Таа секогаш ќе остане само своја и до крајност ќе биде посебна, оригинална, никогаш нема да биде копија.

Дел од нејзината привлечност лежи во нејзината непопустливост и спонтаност – неретко е тешко да ја разберете и сфатите, но тоа е затоа што таа е секогаш само своја. За неа не вредат стереотипите и невозможно е да ја ставите во шаблон, затоа што е изразен некомформист и бега од општествените правила и норми. Секогаш си ги тера работите по свое и не сака кога другите и кажуваат што да прави.

Од друга страна, таа е хуманитарец со големо срце и секогаш е подготвена да помогне, без оглед на тоа дали се работи за финансиска, емотивна или друга помош. Сака напредок, но на лично ниво не сака промени. Силно е врзана за своето минато и за спомените кои ги чува како најголемо богатство, а лојалноста ја носи на ново, подлабоко ниво – не останува верна само на својот партнер, туку и на одреден бренд, продавница, ресторан, тим, музичари, итн.

Како ќе ја препознаете жената Водолија?

Тука нема да има проблеми, затоа што уште со својот изглед ќе ви стави до знаење дека не сака слепо да ги следи трендовите. Не е дека таа бега од модата, туку едноставно таа секогаш додава некој детаљ кој ќе ја направи различна од останатите.

Таа има суптилна и мила насмевка, спуштени очи, привлечен мал нос, силна вилица, дупчиња во образите, мека кожа, темна, густа коса и грациозен став. Жените Водолии немаат ултимативна женственост, дури понекогаш имаат и детски изглед. Тие се витки и високи, иако вратот може да им биде пократок и поширок.

Нивните очи оддаваат голема живот, но често знаат да имаат сериозен израз на лицето. Ги краси чист и артикулиран глас. Меѓутоа без оглед на тоа како изгледа, без оглед на тоа дали има најсериозен израз на лицето, во својата душа, ведрата Водолија секогаш ќе ужива и ќе биде задоволна.

Во сезоната кога сите носат мини здолништа, Водолијата ќе биде таа која ќе носи долго здолниште. Одважна и смирена, со својот електричен и разнолик моден стил сака да привлекува внимание и да шокира. Во нејзиниот ормар секогаш можете да најдете авангардни модни парчиња, а и фризурите кои ги претпочита се модерни, но неконвенционални.

Најдобро и стојат светли и весели бои како тиркизна, розева и смагардно зелена. Убавина без суровост е нејзиното мото, па затоа секогаш купува козметика која не е тестирана на животни. Никогаш не оди во шопинг со листа, туку купува според моментално расположение. Таа не сака големи и стерилни трговски центри, туку мали и локални продавници во кои ќе најде некои ретро парчиња кои ќе искомбинира и ќе направи оригинална комбинација. Сака да купува со другарките, но повеќе оди за друштво отколку да купи нешто.

Независна жена

Вистинската независност на жената Водолија ќе ја видите дури откако ќе загребете под површината и кога ќе ги запознаете малку подобро. Толку искреност и неизглумено пријателство тешко дека ќе најдете кај другите хороскопски знаци. Ако не и се допаѓате, таа ќе ви го стави тоа до знаење, но ако и се допаѓате ќе стекнете прекрасна пријателка на која ќе можете да и се обратите во секо време.

Мажите кои би сакале да го освојат срцето на жената во овој хороскопски знак треба да заборават на излитените фрази кои палат кај другите жени. Жената Водолија е интелигентна и прониклива, па нејзиниот аналитички ум ќе ја препознае секоја лага која сакате да и ја подметнете. Ако не ни верувате, обидете се – но сепак најдобро ви е уште од самиот почеток да бидете искрени и со отворено срце.

Жената Водолија во љубовта

Уште едно предупредување за мажите: врската со жената Водолија ретко ќе биде лесна пловидба по мирно езеро, а многу почесто ќе биде борба со диви води. Едноличноста и рутината бргу и здосадуваат, па секогаш ќе предлага нешто ново и предизвикувачки. Ако сакате мирни вечери пред телевизискиот екран, тогаш барајте партнерка на друго место.

Во љубовта е лојална и искрена, иако тоа нема да го нагласува со исфорсирано гугуткање и нема да глуми нежна принцеза. Запомнете дека иако таа ја цени својата слобода и секогаш ќе настојува да задржи време и простор само за себе, истата таа слобода ќе му ја даде и на својот партнер. Сепак, немојте ни случајно нејзината непосесивност да ја сфатите како зелено светло за некакви излети со други жени, затоа што иако е неконвенционална, таа ги цени и старомодните вредности  - верноста е највисоко на листата!

Идеални партнери за неа се: Вага, Близнаци, Стрелец и Овен.

Дајте и доволно интелектуална стимулација и дозволете и да се чувствува слободно, а таа ќе ви возврати со страст и верност. Да, не е лесно со жената Водолија и треба да се потрудите, но на крајот верувајте дека ќе ви се исплати!

Пријателство

Додека оди, често ќе застанува за да се поздрави со познаници. Поради тоа делува како да е пријателка со сите, но всушност тоа се познаници и драги луѓе кои ја сакаат, затоа што Водолијата сака со сите да биде во добри односи и бега од кавги и расправии.

Што се однесува до пријателите, тие се бројат на една рака. Може да биде лесно резервирана кога станува збор за нејзините вистински чувства, па затоа кругот на вистински пријатели е многу потесен од кругот на познаници.

Таа е великодушна и секогаш е тука за пријателите и нејзините пријатели се луѓето со кои дели љубов кон независноста и интелектуалните потраги и тежнеења. Ова е жена од која секогаш можете да побарате искрен совет и која секогаш ќе ги најде вистинските зборови.