Жена со секира го уби својот сопруг во Студеничани - поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена која е осомничена за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани.

Обвинетата на 1 мај годинава во својот дом во Студеничани, при вршење семејно насилство, со умисла го убила својот сопруг. По претходна расправија, таа ја зела секирата која била во близина и во дворот на семејната куќа му задала три удари со сечивото на сопругот.

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор бидејќи ценеше дека постои опасност од криење и бегство на обвинетата.