Извици на помош ноќеска се слушале на улицата „Рајко Жинзифов“ во Центар.

С.Д. пријавила во полицијата дека нејзината сосетка барала помош, по што полициски екипи излегле на терен.

Утврдено било дека жената ја нашла својата сестра, Л.К. (63), почината на подот.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.